Луда шутерска НБА ноќ

    Во синоќешните четири натпревари со право може да кажеме дека тоа беше луда шутерска ноќ во најсилната лига на светот.

    Само Лос Анџелес Лејкерс не ја поминаа границата од 100 поени, а овој тим беше поразен од Минесота со 125:99. Ејндру Вигинс беше незапирлив и натпреварот го заврши со 47 поени. Вилијамс беше најрасположен за игра кај Лејкерс и постигна 17 поени.

    Голден Стејт го совлада Феникс Санс со 133:120. Клеј Томпсон и Стеф Кари постигнаа по 30 поени и беа најефикасни во тимот на Вориорс. Кевин Дурент додаде 29 поени. Ворен и Бледсо кај Фанс најмногу се истакнаа со по 20 поени.

    Изненадување на вечерта го направи Орландо Меџик кој ја совлада Оклахома со 119:117, a победничкиот кош го постигна поранешниот кошаркар на Тандер, Серж Ибака. Шпанскиот кошаркар одигра фантастичен натпревар и постигна 31 поен. Нов трипл-дабл забележа Расел Вестбрук, 41 поен, 16 асистенции и 12 скока, но тоа не беше доволно за победа.

    Портланд на крилата на Дејмиан Лилард го совлада Денвер со 112:105. Плејмејкерот го заврши натпреварот со 32 поени. Со по 19 поени најефикасни во тимот на Нагетс беа Мареј и Галинари.