До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Со Пике и Алба, и Французинот од последната линија на тимот на Барса некое време ќе биде надвор од тимот.
Од Ноу Камп стигна вест дека Жереми Матје ќе отсуствува од теренот минимум три недели поради повреда на мускулот.
Французинот се повреди во текот на натпреварот за трофеј Суперкуп на Каталонија против Еспањол каде што е Барса е поразена, а после медицинските тестови кои се извршени утрово е утврдена тежината на повредата.
Луис Енрике во наредниот период ќе има доста проблеми кога е дефанзивата во прашање, бидејќи не може да смета на Џерар Пике и Жорди Алба.
Во оваа ситуација стоперскиот тандем треба да го сочинуваат Хави Маскерано и Самуел Умтити, на лев бек веројатно ќе гбиде Лукас Диње, а на десната страна Серџи Роберто, поради тоа што својот кредит кај Лучо го потроши Алеиш Видал.















