Лука Модриќ откри кој е приоритетот на Реал Мадрид оваа сезона


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ имаше пресконференција откако потпиша нов договор со кралскиот клуб (до 2020. година).

    31-годишниот фудбалер не ја крие својата амбиција да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“ и по 2020. година.

    „Очекувам ова да не е последно продолжување на мојот договор. Идејата ми е да се пензионирам во Мадрид. Се чувствувам добро, опоравувајќи се од повредата. Не можам да кажам кога ќе се вратам на теренот, но очекувам тоа брзо да се случи. Кога пристигнав во Мадрид, имав многу критики, но тоа не ме загрижуваше. Бев подготвен за тоа. Не почнав добро, но никогаш не се сомневав во себе. Бев убеден дека ќе успеам тука“, изјави Лука.

    „За нас приоритет е титулата во Шпанија. Четири години ја немаме освоено титулата, тоа е долг период. Не сакам да кажам дека не сакаме да ја освоиме титулата во ЛШ или пак Купот на кралевите. Исто така сакаме да станеме првите кои го одбраниле трофејот во ЛШ“, додаде Хрватот.