Магиите на Бонавентура и Донарума за три бода, Лацио нижи победи, Рома е запрена! (Видео)


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Победа во рамките 11 кол од Серија А забележаа Лацио, Милан и Кротоне, додека Рома не успеа да слави против Емполи на гостувањето.

    Екипите на Милан и Лацио лесно чекорат кон врвот на табелата, и единствено едните и другите успееја да забележат победа во мечевите од 11 коло од италијанскиот шампионат.

    Милан ја дочека Пескара, сите очекуваа победа, но до неа Миланезите стигнаа многу потешко отколку што се очекуваше, потврдувајќи дека формата е во благ пад после победата над Јувентус.

    Де Шиљо и Нианг се закануваа во првото полувреме, а на стамиот старт од второто полувртеме домаќините стигнаа до гол.

    Слободен удар на работ од казнетиот простор, Бонавентура изведе магија во стил на Роналдињо, погледнете на кој начин.

     

    Аквилани можеше да ги замрзни навивачите на Милан, со глава шутираше покрај голот, а и Донарума го спаси својот тим кога одлично го одбрани ударот на Мамушај.

    Првото полувреме од натпреварот Лацио и Сасуоло не беше интересо, а тогаш за само седум минути во вториот дел од играта видовме 3 гола.

    Сенад Лулиќ успеа да го доведе Лацио во водство, Чиро Имобиле зголеми после асистенција на Стефан Раду, а Дефрел намали на 2:1.

    Воедно тие три гола беа се што видовме на овој меч.
    Кротоне – Киево 2:0.

    Во мечот Емполи и Рома немаше победник, заврши со тој најнепопуларен резултат 0:0.

    Един Џеко и Мохамед Салах во првото полувреме имаа свои шанси да ја доведат Рома во предност, додека Пасквал од Емполи беше многу блиску од слободен удар.

    Шансата на натпреварот ја пропушти Масимо Макарона за Емполи кој беше непрецизен.

     

    Standings provided by Sofascore LiveScore