Манчестер Јунајтед вработи нови 50 скаути


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Иако во последните неколку трансфер периоди потроши многу пари, резултатите на Манчестер Јунајтед не ги оправдаа очекувањата.

    Токму поради оваа причина, како што пишуваат медиумите на Островот, во Јунајтед се одлучиле да го променат курсот, односно одлучиле многу поголемо внимание да посветат на скаутите.

    Медиумите на Островот пишуваат дека во овој познат клуб има вработено нови 50 скаути кои ќе бидат распоредени на сите континенти.

    Колку ќе имаат примања не е објавено, но во Јунајтед се сигурни дека ваквиот потег ќе им исплати, и дека веќе дојде време да престанат да плаќаат астрономски цени за играчи, односно благодарение на скаутите да доаѓаат до многу поевтини играчи.