Манчестер Јунајтед и Барселона во борба за одличен Португалец!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Според пишувањата на португалските медиуми, фудбалерот на Спортинг ги залуди споменатите Европски гиганти.

    Ако по утрото се познава енот, ќе имаме нова “трансфер сапуница“.

    Имено, како што португалски „Рекорд“ јавува, големата желба на Жозе Мурињо неговиот сонардоник Желсон Мартинс се наоѓа и на мета на Барселона.

    Ова момче има 21 година, дебитираше во предминатата сезона за Спортинг, од чија школа е изданок, од минатата натпреварувачка година влезе во првиот тим. Сега веќе е еден од клучните фудбалери на Жорж Жесус, и од управата се спремни  да му понудат продолжување на соработката.

    Сепак, токму тука своја шанса бара Манчестер Јунасјтед, кој со играчот е поврзуван веќе некое време, и  Барселона, како Мартинс наводно ја одби последната понуда од лисабонските Лавови.

    Управата на вицешампионот на Португалија му нудеше зголемување од 250 000 на годишно ниво, Мартинс тоа го одби бидејќи сака зголемување на платата од пола милион за година дена.

    Нема сомнеж дека тие, па и повеќе пари, може да му понудат Јунајтед и  Барселона, и Спортинг е на маки. Момчето е изданок од нивната школа, клубот има амбиции да направи резултат како на домашната така и на европската сцена, доколку и тој замине ќе продолжат да се осипуваат, тешко дека ќе успеат во тоа.

    Интересот на Барселона го потврди и директорот на каталонскиот клуб Ареидо Браида.

    „Тоа што можат да ви кажам е дека го следиме Желсон Мартинс. То је многу талентирано дете што Барселона веќе го гледаше и ќе продолжи со тоа. Не можам да скријам дека Желсон Мартинс е наша мета“, изјави Браида.

    Целата приказна се наоѓа и на насловната страница на португалски „Рекорд“.