„Манчестер Јунајтед може да ја освои титулата“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    И покрај лошите резултати, Џеси Лингард верува дека Манчестер Јунајтед може да освои титули во Англија.

    Манчестер Јунајтед во пресрет на сезоната доведе неколку звучни засилувања со цел да биде конкурентен во борбата за титулата, меѓутоа клубот после 11 кола се наоѓа на шестата позиција со осум бодови помалку во однос на водечкиот Ливерпул.

    „Играчите кои дојдоа може дополнително да ни помогнат. И понатака се запознаваме меѓусебно, учиме од недела во недела. Со играчите кои ги доведовме имаме тим доволно силен да освоиме титулата во оваа сезона“, рече Лингард.

    Лингард го искоментира и Погба, чиј трансфер во ова лето беше рекорден.

    „Погба е шегаџија во соблекувалната, секогаш пробува да не насмее. Имаме многу одлични момци, одличен тимски дух, мислам дека тоа нас ќе не однесе на врвот“, заклучи Лингард на крајот во разговорот за британските медиуми.

    Наредното коло за Манчестер Јунајтед донесува дерби со Арсенал.