Марез објасни како остана без трансфер во Арсенал

    Алжирскиот репрезентативец, Ријад Марез ова лето беше многу блиску до трансфер во екипата на Арсенал.

    Англиските медиуми пренесуваа информации дека преговорите на Лестер и Арсенал се во тек, но на крајот до траснфер сепак не дојде. Причината за тоа ја октри Марез.

    „Имаше контакт со Арсенал. Сепак, Лестер сакаше да ме задржи, а јас бев премногу скап за Арсенал, па поради мојата превисока цена пропадна целата приказна. Не сакав да правам никакви конфликти кога понудата стигна, но мислам дека е добро што вака се заврши. Сега на мене останува да продолжам да се докажувам“, изјави Марез.

    Потсетуваме дека ова лето и екипата на Челси беше заинтересирана за Марез, но ни тие не успеаа да го доведат.