Марота потврди: Ќе му понудиме договор на Витсел


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јувентус во зимскиот преоден рок повторно ќе тргне по Аксел Витсел.

    Белгискиот репрезентативец во последниот ден од преодниот рок го договори трансферот во Јувентус, меѓутоа истиот на крајот пропадна бидејќи челниците на Зенит од Сант Петерсбург не му пронајдоа адекватна замена.

    Дека торинскиот клуб е повторно заинтересиран за Витсел потврди и изјавата која ја даде генералниот директор на Јувентус Џузепе Марота.

    „Имаме цел да ги следиме сите играли кои ни се мета. Витсел е во полесна позиција, му истекува договорот во наредната година и ќе му понудиме договор во јануари или во јуни“, рече Марота.

    И додека Јувентус стрпливо чека, руските меидуми пишуваат дека Витсел денеска игра далеку под нивото и понатака е бесен затоа што му е стопиран трансферот.