Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер, Хавиер Маскерано категорично одбил да ја продолжи својата кариера во Кина.
И покрај тоа што во Барселона не е стандарден и што за него се заинтересирани некои пребогати клубови од Далечниот Исток, Маскерано има во план да го продолжи договорот со Барселона до 2019. година.
Колку Аргентинецот не е заинтересиран за заминување во Кина говори и фактот дека на неговиот агент му забранил да преговара со претставниците од кинеските клубови и да го игнорира секој нивни потег.
Со оглед на тоа дека Маскерано полека влегува во доцните играчки години, ваков потег е прилично чуден, но тој самиот докажува дека не е алчен и дека за разлика од многуте колеги-врсници, парите не му претставуваат се во животот.