Матната страна на фудбалот: „За Кеита имаше многу понуди, но Лацио ги криеше“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Кеита Балде, вчера потпиша за Монако, но неговиот агент откри дека ниту една друга понуда не допрела до нив, и  дека Лацио ги криел другите понуди.

Напаѓачот конечно се ослободи од Лацио и потпиша договор со францускиот шампион, а „неговиот“ Лацио кој очајно сакаше да го продаде, заработи 30 милиони, плус 5 милиони кој што ќе им бидат исплатени во бонуси.

„Конечно сапуницата е завршена“ – изајви агентот на играчот.

„Најдобро беше да се најде решение и сите ќе бидат среќни. Монако и минатата сезона се интересираше за играчот, а оваа година дојде со сериозна понуда и го зеде“.

„Кеита е одличен играч, но ќе мора да се докаже во еден голем клуб како што е Монако.“

Агентот, Календа беше бесен на раководството на Лацио и на италијансктие медиуми, бидејќи тие секојдневно имаа нови приказни и го поврзуваа играчот со пола од европските тимови.

„Секојдневно во медиумите излегуваа лаги, постоеше само една вистина, ние немавме добиено ниту една понуда, ниту имавме склучено договор со некој клуб, како што велеа тие. Кеита не направи ниту еден проблем, без оглед на ситуацијата тој секојдневно тренираше со тимот без да каже ниту еден збор. Го изоставија од составот без причина. Вистина е, имаше голем интререс за него, но Лацио тоа го криеше, но за среќа на сите, сапуницата е завршена.“ – заврши агентот, Роберто Календа.