Меси се врати – Барселона го наполни Депортиво


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Барселона славеа на Камп Ноу со 4:0 против Депортиво Ла Коруња.

    Доминацијата домашните фудбалери ја почнаа од стартот. Во осмата минута Нејмар ја погоди пречката, а Луис Суарез промаши зицер после одбиената топка. После дваесет минути игра на Камп Ноу, Барселона стигнува до водство, а стрелец беше Рафиња на асистенција на Луис Суарез. Рафиња го постигна вториот погодок на натпреварот после тоа што топката среќно стигна кај него, 2:0. Пред крајот на првото полувреме по трет пат беше совладан Лукс, овој пат од Луис Суарез на асистенција на Нејмар. По влегувањето на Лионел Меси кој се врати на теренот, аргентинецот го постигна четвртиот погодок за Барселона на овој натпревар, асистент беше Нејмар. Депортиво остана со фудбалер помалку во 65-та минута бидејќи црвен картон доби Лауре поради удар со лакт. Следуваше низа од фантастични одбрани на голманот на Депортиво, Герман Лукс кој ако не беше денес, гостите ќе примеа многу погодоци. Барселона на крајот славеше со високи 4:0.

    Каталонците им се вратија на победите после поразот во минатото коло од Селта Виго. Гостите денес го забележаа четвртиот пораз оваа сезона во Ла Лига.