Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Ракометарите на Металург 2 славеа на домашен паркет против Работнички со 33:21 во натпревар од дванаесетото коло од македонската суперлига.
Првото полувреме домашните ракометари го добија со 14:11. Вториот дел Работнички беше прегазен и поразен со 33:21.
Димитар Димитриоски со 7 погодоци го предводеше Металург 2 до нова победа. Милан Лазаревски постигна 6 погодоци. Кај Работнички најефикасен беше Дарко Симоноски со 10 погодоци.
Металург во следното коло му гостува на Охрид, а Работнички ќе го пречека Вардар Јуниор.