Металург 2 лесно си поигра со Работнички


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во единствениот натпревар на програмата денес, Металург 2 славеше на гости против Работнички со 27:33.

    Вториот тим на Металург после првите 30 минути имаше огромна предност од 11 погодоци, 10:21. Ракометарите на Работнички се обидуваа да се вратат во натпреварот, но стигнаа само до 6 погодоци негатива, 27:33.

    Димитар Димитриоски со 9 погодоци го предводеше Металург 2 до победа. Милан Лазаревски го заврши натпреварот со 6 погодоци. Дарио Симоноски беше најефикасен во тимот на Работнички со 10 погодоци.