Металург со пораз од Нексе ја заврши сезоната во СЕХА


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометарите на Металург загубија во Хрватска од Нексе во натпревар од 18-то коло во СЕХА, 27:22.

Зрниќ и Сршен со два погодоци во низа му донесоа водство на Нексе, 2:1. Домашните преку Зрниќ кој постигна два погодоци во серија за 4:2.

Обрадовиќ возврати со иста мерка и го израмни резултатот, 4:4. Нексе постигна три погодоци во серија за 8:6. Пешевски и Велковски го израмнија резултатот, 8:8. Вегар шест минути пред крајот пред крајот на првото полувреме постигна два погодоци за 10:8.

Клубот од Автокоманда преку Костески, Илиќ и Велкоски по почетното водство стигна до предност на натпреварот, 10:11. До крајот на првото полувреме погоди Сршен за 11:11 после триесет минути игра.

Се играше гол за гол на почетокот на второто полувреме. Домашните направија серија од три погодоци за 18:15.

Нексе направи серија од три погодоци и на крајот победи со 27:22.

Сршен и Шпилер со по 6 погодоци го предводеа Нексе. Никола Костески, Немања Обрадовиќ, Вања Илиќ и Мартин Велковски беа најефикасни во тимот на Металург со по 4 погодоци. Костадин Петров и Жарко Пешевски постигнаа по 2, а Предраг Вејин и Давор Палевски по 1 погодок.

Металург сезоната во СЕХА ја заврши со на осмата позиција со 5 победи, 2 реми и 11 порази.