МЗТ Скопје поразен од Игокеа во Лакташи


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје беше поразен со 79:72 против Игокеа во Лакташи во натпревар од единаесетото коло од АБА лигата.

    Домашните кошаркари одлично го започнаа натпреварот, водство од дванаесет поени, 14:2. Големото водство кошаркарите на МЗТ успеаа да го намалат на само четири поени до крајот на првата четвртина, 20:16. МЗТ во втората четвртина направи пресврт и за прв пат после почетното водство од 0:2 го презеде водството, 26:27. На полувреме кошаркарите на Игокеа заминаа со предност од три поени, 32:29. Третата четвртина донесе подобра игра на домашните и враќање на двоцифреното водство, 48:38. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со резултат 55:50. Кошаркарите на МЗТ стигнаа до израмнување, 57:57. Со неколку коша во серија домашните стигнаа до водство од пет поени, 62:57. Игокеа на крајот славеше со 79:72.

     

    Робинсон со 17 поени ја предводеше Игокеа до победа. Мичовиќ додаде 14 поени, Радивојевиќ 12, Албијаниќ 11 поени. Дреновац со 17 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ. Симоновски додаде 15, Скот 12, а Синовец 10 поени.

    МЗТ Скопје во следното коло игра во Јане Сандански против Будуќност, а Игокеа игра повторно на домашен паркет и тоа против Морнар.