Милан има блескава иднина, шест играчи во првите 11 имаат до 24 години!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Милан и синоќа покажа дека иам одлична иднина во вид на таленти од соствената фудбалска школа, а во вид на стрелец на победоносниот гол против Јувентус, но и голманот Џанлуиџи Донарума за кој се зборува дека е најталентиран голман кој некогаш се појави на фудбалските терени.

    Верувале или не, Милан во првиот состав синоќа имаше дури шест фудбалери помлади од 24 години, а тоа се М`Баје Нианг, Мануел Локатели, Алесио Ромањоли, Џанлуиџи Донарума, Сусо и Матиа Де Шиљо, а и на клупата беа уште голем број на млади фудбалери.