До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Винченцо Монтела сигурно ќе се засилува во наредниот преоден рок, ќе видиме кој се може да дојде.
Винченцо Монтела ќе има голема помош во вид на кинески пари, од јануари треба да имаат околу 80 милиони евра за засилувања, а вчера пишувавме за топ 4 мети за јануари.
Сепак, англиските и италијанските медиуми денеска споменуваат и засилување во самиот напад.
Монтела сака играчи кои можат да одговорат неговите барања, а тоа може да биде Шинџи Оказаки, фудбалер на актуелниот шампион на Англија, Лестер.
Оказаки е многу благодарен фудбалер, ги извршува одлично задачите и во одбрана, па и тоа е причината што толку го фалат во последно време, иако не постигнува премногу голови.
Јапонецот не е стартер во Лестер, дури и Раниери се жалеше на него, дека тоа не е истиот играч од претходната сезона.
Го гледате ли во Милан?















