Милан против Интер: Ромањоли „падна“ на прегледи, Медел како стопер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Големото дерби е на програмата вечерва со почеток од 20:45.

    Последните наводи од Италија велат дека Алесио Ромањоли “падна“ на прегледите и дека нема да игра во големото дерби против Интер кој е на програмата вечерва од 20:45.

    Тој се повреди во пријателскиот меч Италија и Германија (0:0) беше на тренинг пред мечот со Интер, но како што јавува Скај Спорт Италија неговите резултати после тренингот не се добри.

    Треба да го замени Густаво Гомез. На местото стопер во екипата на Интер може да се најде Гари Медел што ќе направи место за Жофри Кондогбија на место последен играч за врска. Се поради ужасната партија на Жејсон Муриљо во дресот на репрезентацијата на Колумбија против Аргентина.

    Очекувани состави:

    Милан: Донарума – Абате, Палета, Гомез, Де Шиљо – Куцка, Локатели, Бонавентура – Сусо, Бака, Нианг.

    Интер: Хандановиќ – Дамбросио, Миранда, Медел, Ансалди – Кондогбија, Жоао Марио, Брозовиќ – Кандрева, Икарди, Перишиќ.