Милан се поти поради најталентираниот на светот!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Каде е Раиола, таму има загриженост. Скептик во врска за новите газди, но и раскин на некогашниот сојуз може да доведе до шокантнен развој на случувањата.

    Се вика исто како и Буфон, велат дека го има тој потенција, со 16 години Синиша Михајловиќ му пружи шанса пред искусниот Диего Лопез.

    Тоа не беше каприц веќе фантастична проценка, денеска по многумина најталентиран голман на светот, стандарден меѓу Росонерите,  веројатно единствен член од секогашниот тим кого го чека голема кариера.

    Негов менаџер е Мино Раиола, и тоа ги плаши Милан.

    Имено, Раиола веќе изрази загрижност во новите сопственици, скептичен е по повод нивните пари, а за право му даде тврдењето на Блумберг дека кинеските сопственици лажираа некои документи во процесот на превземање на Милан.

    Тоа е демантирано, ќе видиме колку ќе има финансирање, порачува дека Монтела треба да каже кого го сака и дека тие ќе направат се за Милан да го вратат на стазите на стара слава.

    Но, Раиола сака нов договор за својот пулен, момчето кое е Наполитанец, и како дете од фудбалската академија блиску Неапол во родниот Кастеламаре стигна во Милан за 250 000 евра. Тој се придружи на братот кој никогаш не доби шанса кај Росонерите, а од оваа сезона е во Грција, ги брани боите на Астерас Триполис.

    Џанлуиџи или Џиџи како што го нарекуваат многу талентираниот, јасно е дека сите големи клубови на свето сакаат да го видат во своите редови.

    Дури и Флорентино Перез е спремен да ги закопа секирите со Раиола со цел да го доведе италијанскиот голман, но Милан ќе направи се со цел да ги задоволи амбициите на контроверзниот менаџер и да го сочува Донарума.

    Другата опасност, според италијанските медиуми е Јувентус. Тие за две години ќе бараат замена за најскапиот, веројатно и најдобриот голман на сите времиња, Буфон и јасно е дека Донарума би бил прва идеја.

    Сега поради одредениот пакт со Берлускони сигурено нема да пробаат да го украдат Донарума на Милан, но кога Кинезите ќе станат сопственици таквиот вид на договот ќе исчезне.

    Сепак, ова се шпекулации, бидејќи за Донарума велат дека цврсто стои на земја, дека успехот не го понесе, дека е многу скромен и дека не постои шанса да на тој начин да го “издаде“ Милан каде што доби шанса.

    Но, со Раиола позади грбот, заминување во Шпанија или Англијас не е невозможно.

    Наводно, повеќе го интересира дали Милан ќе формира екипа способна да се избори за трофеј отколку број на нули во договорот, Раиола поради тоа сака Кинезите да го отстранат скептицизмот, да не делуваат дека имаат пари и да доведат сериозни играчи со цел екипата да биде доведена на нивото на кое е веќе Донарума.

    Во спротивно , се знае..