Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини би можел да биде на излезна врата од клубот на Манчестер Јунајтед иако многумина го сметаат за еден од омилените играчи на менаџерот Жозе Мурињо.
Од турските медиуми стигнуваат вести дека Фелаини ги договорил личните услови со тимот на Галатасарај и сѐ што преостанува е само двата клуба да се договорат за висината на трансферот. Со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед е еден од клубовите кои најмногу трошеа ова лето, би било очекувано некој од играчите и да го напушти тимот за да се балансираат сметките.
Дека има вистина во шпекулациите потврди и спортскиот директор на Галатасарај, Ченк Ергун кој за „Ајанспор“ истакна: „Фелаини ќе го напушти Манчестер Јунајтед и тој е на нашиот радар. Ќе има трансфер изненадувања. Ние веќе сме во преговори со Фелаини. Го контактиравме клубот, и блиску сме до трансфер на Фелаини.“
Mинатата сезона Маруан Фелаини беше еден од најстандардните играчи во составот и доказ за тоа се 39-те настапи низ сите конкуренции кои тој ги имаше за тимот кој ја освои Лигата на Европа и се пласираше на шестото место на табелата во домашната лига.