„Милионерите“ спремија понуда за суперталентираниорт фудбалер кој важи за голема желба на Јирген Клоп!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Борусија од Дортмунд не губи време, сака да го престигне Ливерпул и другите заинтересирани страни, доколку и него го довесат ќе имаат тим со најмногу потенцијал во Европа.

    Јирген Клоп во текот на ова лето на Енфилд сакаше да доведе уште неколку фудбалери, но името на играчот за врска на Борусија од Мехенгладбах некако најчесто се споменуваше.

    Суперталентираниот Махмуд Дахуд, ја залуди Европа, тоа не го пропушти ни стратегот на Редсите, а сега се е појасно дека ни Томас Тухел не седна со скрстени раце.

    Борусија спреми понуда за играчот за врска на Гладбах, се укажува на тоа дека токму клубот на Дахут ќе ја прифати.

    Имено, Дортмунд е спремен да понуди 15 милиони евра и Нури Сахин во замена за 20-годишниот фудбалер.

    На Сигнал Идуна Парк сметаат дека момчето родено во Сирија може да го наследи Илкај Гундоган, кој во ова лето го засили Манчестер Сити.

    Младиот Дахуд запиша 54 настапи во сите натпреварувања за Борусија, постигна и пет голови.

    Дортмунд о Гладхах добро работеа во последните години, во 2012 година Марко Ројс ги засили Милионерите токму од Мехенгладбах, додека во минатата сезона Јонас Хофман замина во спротивна насока.

    https://www.youtube.com/watch?v=3IjTcWUnomQ