Мируваа мрежите на натпреварот помеѓу Алавес и Атлетико Мадрид


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Алавес и Атлетико Мадрид ремизираа во натпревар од 20-то коло во Ла Лига.

Алавес беше подобар во првото полувреме. Моја беше фантастичен на голот на Атлетико и не дозволи да прими погодок после четириесет и пет минути игра.

Голманот на Атлетико пред крајот на натпреварот одбрани фантастично по шутот на Тео. На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 0:0.

Во следното коло Алавес му гостува на Спортинг Хихон, а Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон ќе го пречека Легањес.