Миха во Интер? Еве што вели Србинот!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Синиша Михајловиќ проговори во понеделникот за преземање на Интер доколку Франк Де Бур биде сменет во вторник.

    После натпреварот од 11 коло меѓу Удинезе и Торино се зборуваше на тема која директно немаше никаква врска со дуелот на Фриули кој е завршен со резултат 2:2.

    Тренерот на Торино Синиша Михајловиќ е запрашај дали постојат шанси за го преземе Интер доколку се потврдат натписите на медиумите и Франк Де Бур добие отказ во вторник.

    „Не се мешам во таа приказна, не знам ништо за тоа. Де Бур има моја почит затоа што е добра личност. Секогаш е полесно да промените тренет отколку играчи, но вината треба да биде рамномерно распределена. Разочаран сум, многу го почитувам Де Бур“, порача Михајловиќ.

    Очигледно дека стратегот на Торино нема намера да се врати во клубот за кој соевремено настапуваше со голем успех, а едно време извршуваше и функција помошен тренер додека на клупата седеше Роберто Манчини.

    Медиумите од Апенинскиот полуостров лансираа вечерва информација дека Интер во вторник ќе го смени Франк Де Бур и дека тренерот на младинскиот тим ќе ја преземе екипата до именување на нов шеф на стручниот штаб.