До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го продолжи неодамна договорот со Реал до лето 2020 година.
Модриќ така кариерата веројатно ќе ја заврши во Кралскиот клуб иако имаше и други опции.
Кинези, кои во последно време доведуваат се повеќе познати играчи, пробаа во минатото и во ова лето да го ангажираат Модриќ, но Лука во двата наврати ги одби без проблем, пренесува шпанска Марка.
Еден кинески клуб на лето 2015 година понудил 15 милиони годишно за Лука и договор на четири години, а во минатото лето се врати со понуда од 20 милиони евра.
Сепак, Лука само им се заблагодари и порача дека сака да остане во Реал.















