Модриќ ја отвори душата: Никој ништо не ми поклони, фудбалот не се само головите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2018 година.

Тој во интервју за GQ откри некои работи:

„Патувањето беше многу долго и тешко, но затоа сум уште посреќен поради се ова што се случува. Сиве овие признанија, наградата од ФИФА или Златната топка имаат уште поголемо значење кога знаете дека никој ништо не ви поклонил. Се што сум постигнал, го постигнав со напорна работа. Затоа сум пресреќен на се што постигнав во кариерата и што некои луѓе конечно го препознаа тоа“, рече Хрватот.

„Вистина е дека морав да освојам многу Три пати ја освоив Лигата на шампионите по ред,, а стигнавме до финалето на Светското првенство со Хрватска, мала земја што за некој беше незамисливо. Тек сега многу луѓе сфатија дека фудбалот не се само голови, голови и голови“, искрен беше Лука Модриќ.