Монпелје пресилен за младиот Металург – Дебакл во второто полувреме на избраниците на Лино Червар


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург беа поразени на гостувањето во Франција кај Монпеље со 28:18 во натпревар од групната фаза во ЛШ.

    Избраниците на Лино Червар одлично го започнаа натпреварот. Направија серија од три погодоци, 2:5. Водството на Металург не траеше долго бидејќи домашните ракометари израмнија, 7:7. Следуваше два погодоци во серија на Монпелје за прво водство на натпреварот, 12:10. Филип Талески со погодокот во последната секунда од првото полувреме ја намали предност на Монпелје на еден погодок, 13:12. Катастрофално отворање на Металург во второто полувреме. Ракометарите на Монпелје ја зголемија предноста на 4 погодоци, 16:12. Многу грешки правеа ракометарите на клубот од Автокоманда, речиси секој напад мораше да бидат под закана за одземање на топката. Седум минути гостите не постигнаа погодок бидејќи Никола Портнер беше фантастичен на голот на Монпелје. Домашните почнаа со теророт по голот, постигнаа пет погодоци во серија за големо водство од 23:15. Предноста на французите стигна и до двоцифрена во 27-та минута, 26:16. Металург во вториот дел постигна само шест погодоци, а главен виновник беше Никола Портнер, голманот на Монпелје. Кавтичник ги постави конечните 28:18.

    Гребил и Кавтичник беа најефикасни во тимот на Монпелје со по 5 погодоци. Победата им ја донесе на францускиот клуб голманот Никола Портнер кој запиша 20 интервенции. Војислав Брајовиќ со шест погодоци најмногу се истакна во тимот на Металург.

    Францускиот клуб му го нанесе третиот пораз на Металург оваа сезона во ЛШ.