Мора во војска, па го напушта Тотенхем!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Од Вајт Харт Лејн би можело да си замине еден од главните актери.

    Станува збор за корејскиот напаѓач Хеунг-мин Сон кој би требало да го напушти клубот поради мизерна причина. За да отиде во војска.

    Тоа се законите на далечниот исток. Секој способен маж е обврзан до 28 години да отслужи војска, а тој воен рок трае 21 месец.

    Доколку ова сценарио се оствари, Тотенехм останува без човекот кој е прв на листата стрелци на лондонскиот тим.

    Но Сон бидејќи се бави со фудбал, би можел да биде ослободен или да му биде скратен воениот рок.