Му недостасува Островот: Пике „шокираше“ со детали од соблекувалната на Јунајтед


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дефанзивецот на Барселона Џерар Пике се потсети на пикантеријата од соблекувалната на Манчестер Јунајтед и откри што најмногу му недостасува од тоа време.

    Имено, Пике својот прв професинален договор со Јунајтед го потпиша во 2004 година, но се врати во Барселона четири години подоцна за само пет милиони фунти.

    После тоа стана незаменлив играч во одбраната на Барселона и шпанската репрезентација.

    Во интервју за каталонски ТВ3 раскажа една интересна приказна додека претстојуваше во Манчестер.

    „Јас сум голем фан на британскиот хумор. Тоа е она што го сакав во Манчестер. Тие нема да се навредат ако се потсмевате со нив. Ќе пробаат да ви вратат, но нема да се жалат“, рече Пике и продолжи:

    „Овде во Барселона, мојот хумор не е секако добро прифатен. Подруго се шегуваат, но тоа е ништо во споредба со тоа што знаеше да се случи во Јунајтед“.

    „На пример, Евра еден ден дојде во клубот со патики кои со месеци ги бараше од Најк. На нив ги имаше имињат ана неговото дете и разни други детали. Сепак, кога отиде под туш, ние ги зедовме, ги запаливме малку оган и ги снимивме како горат. И потоа му испративме видео“, објасни дефанзивецот на Барселона.

    Бекот на Јувентус инаку е шегаџија, но овој потег на неговите поранешни соиграчи мораше делумно да го доведат до лудило.

    „Во Јунајтед знаеја да ја земат најскапата маица која што сте ја купиле и да ја ставите на кукла која ќе помогне на тие кои тренираа слободни удари.Маицата знаеше да биде целосно уништена од кал. Беше тоа соблекувална полна со живот“, се присетува Пике.

    Дефанзивевот тимот од Ноу Камп неодамна објави дека после СП во Русија ќе ја заврши репрезентативната кариера.