Мурињо во проблеми: Што ли се случува со Руни?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Се што посака доби. Го побара Ибрахимовиќ, пристигна. Го побара Пол Погба, пристигна. Навивачите бараа резултати. Веруваа во нив, но засега ги нема. Жозе Мурињо по отказот во Челси, дојде до многу непријатна ситуација. Доживеаа три проази по ред. За сега отказот не му се заканува, но неуспех во следниот дел сигурно ќе ги запали алармите и Мурињо ќе дојде во црвената зона.. Многумина ќе речат дека тоа не е битно. Мурињо сигурно со својот менаџер нарпавил клаузула по која ќе добие огромна сума на пари во случај на предвремено раскинување на договорот. Но, Мурињо тврди дека не размислува за тоа.

    „Долги години сум во фудбалот и сум бил во ситуација екипата да игра добро, но да не успева да стигне до победа. Верувам во момците кои ги водам. Ќе го расчистиме проблемот, сигурен сум во тоа“, изјави Мурињо по поразот од Вотфорд, кој беше трет пораз во низа за него.

    Медиумите на островот пишуваат дека клучен проблем кој Мурињо мора да го реши е Вејн Руни. Легандата на клубот е далеку од формата која сите ја знаеме. Меѓутоа, од другата страна, тешко е да им се објасни на навивачите дека Руни седи на клупа. Руни во Јунајтед е 12 години.

    На Вејн Руни му недостасуваат само четири гола за да го престигне достигнувањето на Боби Чарлтон. Чарлтон постигна 249, а Руни 246 голови за Јунајтед. На социјалните мрежи мислењата се поделени, како и секогаш. Некои мислат дека Руни мора да седи на клупа, другите дека крив е Мурињо. Во следното коло, Јунајтед на свој терен ќе го пречека актуелниот шампион на Премиер Лигата, Лестер.

    Португалецот е во тешка ситуација. Истакна дека мора многу да зборува со играчите, а сигурно најмногу би сакал Руни да се врати во неговата претпознатлива форма. Тоа би било најдобро. Како за Руни, така и за Мурињо. Покрај тоа, Руни најави дека ќе се збогува со репрезентацијата за време на квалификациите за Светското првенство кои се во тек.

    „Се надевам дека од националниот дрес ќе се збогувам на Мундијалот“, изјави Руни.