До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Челси Антонио Конте рече денеска дека сака навивачите на тој клуб да му приредат топло добредојде на Жозе Мурињо кога во недела со Манчестер Јунајтед ќе дојде на Стенфорд Бриџ.
„Мислам дека Мурињо беше важен тренер за Челси. Освои три титули и мислам дека беше важен човек за клубот. Заслужува добар прием бидејќи, повторувам, испиша дел од историјата на Челси заедно со играчите и своите соработници. Кога некој ќе освои три титули тој останува во срцата на навивачите. Тоа нормално и тој тоа го заслужува“.
Фудбалерите на Челси во недела го дочекуваат Манчестер Јунајтед во натпревар од деветтото коло од Премиер лигата.
Челси е петти на табелата со 16 бодови, додека Јунајтед седми со два бода помалку.
Мурињо во два мандати го предвоече Челси, а во недела по прв ќе игра против тој клуб откако во декември 2015 година доби отказ.
„Мурињо во оваа сезона, како и играчите на Јунајтед се непријатели. Но, само во спортска смисла. Многу го почитувам, тој е голем тренер, освои многу трофеи во кариерата. Мислам дека заслужува максимално почитување“, рече Конте.
Конте во недела ќе се сретне и со Пол Погба со кого работеше во Јувентус.
„Погба се врати во Англија каде што и фудбалски се роди. Мислам дека кај него беше сон да се врати во Јунајтед. Му посакувам се најдобро…Но, дури после натпреварот“, рече Конте.
Пред дербито со Чеси во недела, Јунајтед во претходното коло играше со Ливерпул на Енфилд. Тој меч е завршен без голови.
„Го гледав натпреварот, беше тежок натпревар на два многу добри тимови, тактичка борба…Мислам дека Ливерпул и Јунајтед до крајот ќе се борат за титула“, наведе Конте.















