Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо на вчерашниот натпревар против Фенербахче не сметаше на услугите на Хенрик Михтаријан.
Михтаријан по доаѓањето на „Олд Трафорд“ заработи повреда, па Португалецот ме можеше да го користи во неколкуте последни натпревари. Иако веќе се опорави од повредата, Ерменецот не се најде во комбинацијата за синоќешниот натпревар во Лигата на Европа против Фенербахче кој Јунајтед го доби со 4:1.
„Тој мора да работи со поголем интензитет да игра барем 15 или 20 минути, како Мемфис Депај. Мислам дека тоа е најдобро. Најважно е сега да продолжи да работи и да ја чека шансата, но наскоро ќе биде подготвен“, изјави Мурињо.
Михтаријан досега одигра само четири натпревари во дресот на „Црвените ѓаволи“, а претходно тој настапуваше за екипата на Борусија Дортмунд.