Мурињо најдобро ја опиша ситуацијата на Меси


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо се надева дека Лионел Меси остана во Барселона.

    Меси во секоја сезона се споменува како “сензационално засилување“ на некој од богатите клубови, но Аргентиенцот и понатака е верен на каталонскиот гигант.

    „Меси во секоја сезона иста приказна, секоја сезона оди некаде, а никаде не оди“, рече Мурињо.

    „Искрено, се надевам дека никогаш нема да замине од Барса бидејќи мислам дека припаѓа на тој клуб. Прекрасна работа би била да ја заврши кариерата во Барселона“, рече Португалецот.