Мурињо не запира со барањата: Новиот Роналдо на Олд Трафорд


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Главна мета на Манчестер Јунајтед  во зимскиот преоден рок ќе биде играчот на Бенфика Гонсало Гуедес кој португалските медиуми го споредуваат со Кристијано Роналдо.

    Гуедес има 19 години и игра на позиција полушпиц, а може и на двете крила. Го красат одличниот дриблен и брзината, а покрај тоа е и одличен изведувач на слободен удар.

    Скаутите кои ги испрати Манчестер Јунајтед, останаа, пишува Мирор, воодушеви во оваа недела кога Бенфика со 4:0 го победи Феиренсе во португалското првенство. Гуедес во тој натпревар воодушеви и дадоа зелено светло за реализација на трансферот.

    Проблем не би требало да има бидејќи Гуедес има ист менаџер како и – Жозе Мурињо. Двајцата ги застапува сонародникот Хорхе Мендеш кој сака Гуедес да го продаде на Олд Трафорд.

    Јасно, од причина бидејќи Манчестер Јунајтед е спремен  да плати најмногу од сите заинтересирани клубови.

    Ви игра се уште Јувентус, Валенсија, Осасуна и Мидлзборо, а пред нешто од помалку од година дена Гуесес пробуваше да го доведе Арсен Венгер во Арсенал.

    Иако Англичаните пишуваа дека Венгер е спремен да искепира 56 милиони евра колку Бенфика бараше, Гуедес сепак остана во Португалија.

    Но, каоко што се чини, нема уште долго…