Мурињо под истрага


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо повторно се најде во големи проблеми поради тоа што устата не ја држи затворена.

    После што Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) откри дека главен судија на големото дерби од Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе биде Ентони Тејлор кој живее во Манчестер, почнаа бројни коментари за тие кои се сомневаат дека тој праведно ќе суди.

    Жозе Мурињо после тоа застана во одбрана на Тејлор.

    „Тејлор е добар судија, но некој очигледно намерно става огромен притисок на него, па така сигурно ќе му биде тешко“, рече Мурињо.

    Поради оваа изјава ФА поткрена истрага против Муриуњо бидејќи сметаат дека Жозе има нешто против неговиот избор за главен судија.