До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голманот на Челси Тибо Куртоа смета дека играчите на Манчестер Јунајтед можат да имаат проблем со менаџерот Жозе Мурињо.
„Црвените ѓаволи“ се во серија од три порасзи, а тоа може да влијае на атмосферата во екипата, смета Белгијанецот.
„Мурињо големо внимание посветува на тактичките аспекти, тој е победник. Обично е сосема близок со играчите. Меѓутоа, кога резултатите не ги исполнуваат очекувањата, како што тоа беше во Челси во претходната сезонам постои одредена оддалеченост меѓу него и играчот“, истакна Куртоа.
Тој истакна пример Диего Симеоне, некогашниот негов тренер воф Атлетико Мадрид, како се однесува со играчите во тешките моменти.
„Симеоне е секогаш вклучен во тимските работи. Неверојатно е коолку тој е во состојба да ги “натера“ играчите да играат до крајни граници“, рече Куртоа.















