Мурињо, сите се подобри од тебе, ова е статистика не е за гордост!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед после 13 натпревари во Премиерлигата има само 20 бодови, не така добар скор со Жозе Мурињо.

    Екипата на Манчестер Јунајтед не е на своето ниво, барем не на она на кое нас не навикна сер Алекс Фергусон.

    После 13 одиграни кола во Премиерлигата екипата на Жозе Мурињо има само 20 освоени бодови, премалку за стандартот на Манчестер Јунајтед.

    Да речеме, и Луј Ван Гал и Дејвид Мојс имаа по 22 бода по 13 одиграни кола, Мурињо и тие двајца успеа да ги претекне, но во негативен скор.

    Има уште нешто, Манчестер Јунајтед со денешниот нерешен резултат против Вест Хем од 1:1 го врза четвртиот натпревар на свој терен кој не успеа да победи.

    Тоа се случи по прв пат уште од февруари 1990 година.