До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Некогаш статистиката е како бикини, но синоќа најдобро покажува изданието на Манчестер Јунајтед на Енфилд.
Покрај тоа што имаа само еден корнер, правеше дефанзивни промени во финишот, задржуваше време пред крајот и во текот на судиското продолжение, имаше едвај една опасна шанса кон голот, Јунајтед на Муруњо собори уште еден негативен рекорд во Премиер лигата.
Со само 34 проценти на посед на топка во своите нозе, Јунајтед постави негативен рекорд во тој сегмент.
Навивачите на Јунајтед ги критикуваат неговите тактички замисли, од кои единствено извесно е дека ќе паркира автобус, па напред што направи и веќе сега, и покрај ремито и освоениот бод, навивачите се бунат и го критикуваат ваквиот неубедлив Јунајтед.
Погба и понатака нема позиција, Јујнајтед не знае на кој начин да игра офанзивно, Михтаријан и Мата немаат место во тимот, како ни Руни кој одамна е испод своето ниво.
А тогаш средниот ред со Јанг и Фелаини тешко може да се чува топка повеќе од 34 проценти…
Man United possession tonight (34%) is the lowest they have ever had in a Premier League game.
— 101 Great Goals (@101greatgoals) October 17, 2016















