До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Доверливи извори јавуваат дека трансферот во јануари е многу извесен.
Новинар на ЕСПН Мигел Дилејни денеска го откри големиот план на Жозе Мурињо за јануарскиот преоден рок.
Според овој извор, Манчстер Јунајтед за месец дена може да добие огромно засилување и да го доведе Хосе Хименез од Атлетико Мадрид.
Мурињо наводно е убеден дека веќе во оваа зима ќе успее да го доведе 21-годишниот стопер кој важи за еден од најдобрите млади дефанзивци на светот.
Сепак, Уругваецот е во втор план кај Диего Симеоне, поради тоа што место пред него има Стефан Савиќ, и токму тоа е причината поради што се верува дека Атлетико може да го пушти за одговарувачка сума на пари.
ЕСПН пишува дека доверливи извори од Манчестер и Мадрид потврдија дека овој трансфер е многу реален во оваа зима, а се верува дека Јунајтед за Хименез ќе плати меѓу 45 и 50 милиони евра.
Да потсетиме, Ерик Баи после опоравувањето од повредата ќе оди на Купот на африканскиот куп на нациите, па така Мурињо ќе мора да доведе стопер во зимскиот преоден рок.
Покрај Хименез, на листата се уште Виктор Линделоф, Драговиќ и Алаба.















