На денешен ден е роден еден од најдобрите стопери на Балканот


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На денешен ден во Ужице во 1981 година роден е Немања Видиќ, некогашниот стопер и капитен на Црвените ѓаволи и Звезда.

    Во младинскиот погон на Црвена Звезда играше до 2000 година, кога е испратен на едногодишна позајмица во Спартак од Суботица.

    За првиот тим на црвено-белите дебитираше по враќањето од позајмица во 2001 година и стана незаменлив првотимец.

    За три сезони одигра 92 официјални натпревари и постигна 15 голови.

    Како капитен учествуваше во освојувањето на дупла круна во 2003/04, а пред тоа освои уште еден национален куп во 2002 година.

    Во летото 2004 година, Немања од Звезда премина во Спартак од Москва, каде што играше до јануари 2006 година, кога потпиша за Манчестер Јунајтед.

    Со тимот од Олд Трафорд пет пати беше шампион на Англија, освои три Лига купови, пет Суперкупови на Англија, како и највредниот трофеј – Лигата на шампионите во 2008 и титулата клупски шампион на светот истата година.

    Од летото 2014 година беше член на милански Интер, а од фудбалот се прости на почетокот на 2016 година, за репрезентацијата на Србија настапи 56 пати.