На Ибрахимовиќ најмногу му годи противникот во Лигата на Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ секако  е задоволен од ждрепката што неговиот клуб за противник во следното коло од Лигата на Европа го доби Сент Етјен.

Имено, Ибра во францускиот тим досега постигна 13 гола на 13 натпревари. Тоа за Швеѓанецот е најдобро постигнување, подобро од Палермо против кого постигна 12 гола, како и Ница и Марсеј, каде што постигна 11 гола.

Во исто време тоа ќе биде судир и на двајцата браќа, Пол и Флорентин Погба, но тоа не е прв пат да гледаме судир на браќа. Претходно имавме прилика да ги гледаме и браќата Фил и Гери Невил, Кевин Принс Боатенг и Џером Боатенг, Таулант Џака и Гранит Џака, Франк де Бур и Роналд де Бур.