На слатки маки: Бонучи доби две понуди

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи во последно време се наоѓа во центарот на вниманието поради скандалот кој го предизвика во Јувентус.

Имено, Бонучи од трибините го следеше мечот Порто и Јувентус бидејќи неколку дена пред тоа од натпреварот со Палермо имаше кавга со Масимилиано Алегри.

Јуве го казни Бонучи и го предупреди дека ова повторно не треба да се повторува.

Бонучи во составот се врати веќе во минатото коло кога Јуве го дочека Емполи, а за негово заминување на крајот на сезоната се повеќе се зборува.

Италијанските медиуми пренесоа денеска дека овој одбранбен играч е на мета на Челси и Реал Мадрид.

Сините веќе во јануари пробаа да го доведат Бонучи, но тој остана во Торино.

Сега во борбата се вклучи и Реал Мадрид, и Бонучи се наоѓа на слатки маки.

Јуве сака за овој играч 60 милиони евра, а на лето ќе дознаеме дали Челси и Реал Мадрид да плати толкав износ за Бонучи.