На човек што не беше потребен тренинг: Излегуваше секоја вечер, тренираше само еднаш неделно


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Роналдињо Гаучо, еден од најдобрите играчи на сите времиња, тренираше само еднаш неделно додека беше член на ПСЖ, откри неговиот тогашен сограч Џером Лерој.

    „Роналдињо воопшто не тренираше во текот на неделата – само ќе се појавеше на тренинг во петок пред мечот. Мислам дека сакаше да биде како Ромарио, кој истотака излегуваше речиси секоја вечер, но немаше успех како тој. Од друга страна, мислам дека е лудост за играч со таков талент да има таков став“, рече Лерој.

    Додаде дека навистина е чудно дека Дињо успеа со таков став.

    „Сепак, тоа е Дињо, всушност тој можеше се“, заклучи Лерој.

     

    Бразилецот светската слава ја стекна токму во Париз, а после тоа следеше бајка на Ноу Камп.

    Со Каталонците освои две Ла Лига, Лига на шампионите и два Суперкупови на Шпанија, додека беше шампион и со Милан, Фламенго и Атлетико Минеиро, додека со ПСЖ стигна до Интертото купот.

    Во дресот на Бразил стана шампион на светот во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година, а има и трофеј на Копа Америка и Купот на Конфедерациите.