Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кралскиот клуб синоќа изгуби од Севиља и ова му беше прв пораз во оваа сезона, а за капитенот на Реал, Рамос овој натпревар имаше посебно значење, затоа што тој кариерата ја започна токму во Севиља.
Дека Рамос никогаш не ја изгубил врската со Севиља, на новинарот на Марка му откри и крилниот напаѓач на Севиља, Хесус Навас,
„Тој сеуште е навивач на Севиља, тоа е така уште од детството. Одгледан е во населбата близу до стадионот и добро ги разбира сите случувања во и околу стадионот, тој сеуште е наш навивач“, рече Навас, додавајќи:
„Проживеавме многу сјајни моменти. Многу сме блиски уште од детството, редовно се слушаме и зборуваме за многу работи. Секако, секогаш е посебно да се игра против него, но кога играме дома, не е важно кој ни е противник, сакаме на секого да му ја отежниме работата и да го победиме“.
Да потсетиме, Реал изгуби од Севиља 3-0.