Навивачите на Челзи му кажаа збогум на Коста, а го пречекаа Мората


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 

Навивачите на Челзи беа во заблуда последните неколку недели, очекуваа да го потпишат Лукаку, но тој им сврте грб, а „сините“ со наведнати глави се прашуваа зошто Ромелу не се врати.

Нивниот клуб беше поврзуван со голем број на напаѓачи, од Андреа Белоти до Пјер Емерик Обемејанг, но не беа ниту блиску да ги потпишат нив.

Ситуацијата се влошуваше од ден на ден, откако Конте му рече на Коста дека повеќе не му е потребен, иако Шпанецот со бразилско потекло ги одведе „Сините“ до титулата и нему му свртеа грб.

За голема среќа на навивачите вчера конечно беше потврдено дека нивниот клуб го потпиша Алваро Мората за 70 милиони фунти, играч кој има настапувано за Јувентус и Реал Мадрид, а фановите на тимот на социјалните мрежи беа поделени, едни му посакуваа добредојде на Мората, додека пак други емотивно го испраќаа Диего Коста кој беше виден деновиве како носи дрес од Атлетико Мадрид.