Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло го победи Давид Гофан во два сета, 2:0.
Третиот гем донесе брејк, Гофан го направи тоа, 1:2. Во шестиот гем Надал ја искористи втората брејк топка и го израмни резултатот, 3:3. Надал во осмиот гем повторно направи брејк за 5:3, а на својот сервис не дозволи изненадување, 6:3.
Шпанецот во вториот сет три пати го одзеде сервисот на Гофан и го доби, 6:1.
Надал за титула ќе се бори против Алберт Рамос Вињолас кој денес во три сет го победи Пулие. Ова е 10-то финале за шпанецот на АТП турнирот во Монте Карло.