Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити утре вечер (среда) гостуваат кај Монако во рамките на реванш натпреварот од осмина финалето на Лигата на шампионите.
Сити првиот натпревар на домашен терен го реши во своја корист со 5:3 иако губеа со 3:2.
Тренерот на Граѓаните Пеп Гвардиола е внимателен пред реваншот и порача дека неговата екипа мора да постигне гол.
„Дури и кога бев во Барселона или Баерн не можев да бидам сигурен дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите.
Ако играте напаѓачки, само така можете да ја освоите Лигата на шампионите. Тоа е единствен начин за кој знам.
Монако игра напаѓачки, ние играме напаѓачки. Сигурен сум дека ќе биде фантастичен натпревар.
Најдобар начин да се браните е да постигнувате голови. Земете ја топката и нападнете ги. Тоа е најдобар начин да се играат вакви натпревари“, рече Гвардиола.
Да потсетиме дека утрешниот меч се игра од 20:45 часот.