Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Севиља и Виљареал ремизираа на Рамон Санчез Пискуан во натпревар од 21-то коло во Ла Лига, 0:0.
Јоветиќ на почетокот на натпреварот не искористи голема шанса за погодок. Виљареал преку Кастиљехо имаше шанса за погодок, но неговиот шут беше непрецизен.
Бен Једер се закани со глава, но Асенхо одбрани. На полувреме се замина со почетните 0:0.
На почетокот на второто полувреме Марио Гаспар направи прекршок во казнениот простор. Самир Насри шутираше од белата точка, а Асенхо фантастично одбрани.
Севиља до крајот на натпреварот имаа шанси преку Насри и Ибора кои не ги реализираа своите шанси. На крајот и двата клуба ги поделија бодовите, 0:0.
Андалузијците после ова реми се трети на табелата со два бода помалку од второпласираната Барселона, а три бода помалку од лидерот Реал Мадрид кој и има два натпревари помалку.