Најдобар меѓу најдобрите Давид Крстески ги прегази своите противници и го освои пехарот за најдобар натпреварувач на Словенија Опен 2016


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Со што го оствари сонот на многу спортисти уште на 9 години Овај викенд во Зрече Словенија се одржа А КЛАСА турнир СЛОВЕНИЈА ОПЕН 2016 ,еден од најјаките и најпрестижни турнири на овие простори, каде учество зедоа 620 такмичари од 32 клубови од 12 земји.

    На овај турнир претставници на нашата држава беа членовите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец-Охрид кои настапија со 12 такмичари, покрај Македонија имаше претставници од Бугарија, Србија, Босна ,Грција, Хрватска, Италија, Молдавија, Словенија, Романија,Велс и Чешка.

    На овај Престижен турнир беа донесени репрезентациите и кандидатите за репрезентациите при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники кои се воодушевување ги гледаше публиката. Истотака овај турнир беше отворањето на овај турнир беа првите луѓе на светската ИТФ , претседателот проф. Мастер Ри Јонг Сон , потпретседателот Мастер Марио Богданов, генералниот секретар на ИТФ г-н Ким Хјонг Рак, претседателот за организирање на турнири во ИТФ проф, Сениор Гранд Мастер Ким Унг Чол кој е еден и од најдобрите мајстори во светот, и тука беше и претседателот на Европската ИТФ Гранд Мастер Мајкл Пруит, со што му дадоа најголемо значење на овај турнир.

    Нашите такмичари од овај турнир се вратија со седум медали од кои 1 златен 3 сребрени и 3 борнзени медали, и пехар за најдобар такмичар во деца до 10 години.

    Бевме оштетени од страна на судиите во финалните борби, каде што нашите такмипари беа многу подобри но за жал пристрасноста победи,со што резултираше со расправија помеѓу судиите поради лошите одлуки спрема нашите такмичари а воедно имаше и дисциплинска за некои од нив.

    Освојувачи на медали на овај турнир беа Давид Крстески . 1 место форми деца жолт појас, 2 место борби -30 кг деца до 10 год при што беше оштетен во финале од судиите.и пехар за најдобар такмичар за деца до 10 години. Елена Јанеска . 2 место форми девојки 10- 14 години жолт појас, која истотака беше оштетена во финале од страна на судиите. Давди Велковски,2 место форми јуниори зелен појас, кој исто така беше оштетен во финале од страна на судиите. Христијан Митрески.3 место борби кадети до 14 години + 60 кг Антонио Јанески.3 место борби кадети до 14 години -45кг Јане Димов.3 место борби Јуниори 14-18 години -75 кг Давид Крстески кој по извонредниот настап во Добој, ни приреди уште поголемо изненадување на овај турнир при што ги прегази своите противници во две дисциплини во борби и форми, при што беше закитен со два медали златен во форми и сребрен во борби, при што беше оштетен во финалето борби од страна на судиите, но за среќа тоа беше заприметено од страна на организаторите и високите претстсавници на ИТФ, кои заслужено му го доделија пехарот за најдобар млад кадет на овај тунир , со што не направи пресреќни , затоа што никогаш не очекувавме да земе некој наш претставник пехар , посебно од ваков врвен турнир, а за возврат на некои судии ќе им бидат одземени лиценците за судење.

    При доделувњето на пехарот кое беше изненадувње за нас , нашите претставници го дочекаа со огромна радост и кај повеќето од нив се гледаа солзите радосници. Сите овие успеси и радости не би ги оствариле и доживеале ако зад нас не стоеше нашиот генерален спонзор ПН МЕТАЛ ,при што кориситме прилика да изразиме најголема благодарност и ветуваме дека и во иднина ќе се трудиме да го рекламираме достојно и со гордост .