До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери на овој тим е спремен да го продолжи договорот со Баварците.
Според последните информации, напаѓачот на минхенски Баерн и репрезентативец на Полска Роберт Левандовски е спремен да ја продолжи соработката со актуелниот шампион на Германија.
„Сеуште не потпишав договор. Мислам дека тоа ќе биде наскоро. Ќе ве известам“, рече Левандовски на кого актуелниот договор истекува во 2019 година.
Според германските медиуми, Баерн нуди на играчот да го обнови договорот до 2021 година со поголема заработка но сумата не е наведена.
Весникот „СпортБилд“ наведе дека Левандовски може да има годишна заработка погоелма од Томас Милер, кој со 15 милиони евра годишна заработка има најголема плата во Баерн.















